
Награда за Град Скопје на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ во организација на Црвен крст на град Скопје 10.5.2023
По повод 8 Мај, Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, Црвениот крст на град Скопје денеска на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Град Скопје му додели признание за соработката која се темели на повеќегодишна взаемна поддршка. Град Скопје беше и меѓу првите кои помогнаа со финансиска помош и екипи на терен при катастрофалниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија.
- Одличната соработка на Градот Скопје и Црвениот крст продолжува со поддршка низ бројните програми за грижа на ранливите категории граѓани. Хуманите луѓе кои своето време и компетенции ги ставаат во функција на грижа и помош во општеството, може да направат вистинска разлика во животот на оние на кои таа им е најмногу потребна – истакна заменик градоначалникот Александар Трајановски.
- ВЕСТИ
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
- 18.08.2025 - Тeрестрично прскање против комарци во Скопје
- 18.08.2025 - Соопштение за јавност
- 17.08.2025 - Соопштение за јавност
- 15.08.2025 - Соопштение за јавност
- 13.08.2025 - Соопштение за јавност
- 12.08.2025 - Соопштение за јавност