ПЕТТА ФАЗА ОД АВИОНСКОТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ 14.9.2020

Градот Скопје ги известува граѓаните дека петтата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 16.09.2020 година (среда), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, односно кога ќе бидат поволни временските услови.                                                                                                                          

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.