29.12.2021Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешниот брифинг со новинарите дискутираше за препораките и мерките кои ги реализира Градот Скопје во насока на намалување на загадениот воздух
29.12.2021Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека е почната реконструкција на Универзална сала, а за внатрешната реконструкција претходната градска власт воопшто нема проект.
29.12.2021Буџетот на Град Скопје за 2022 година за кој расправаат советниците на денешната седница на Советот и долговите во кои моментално се наоѓа Градот Скопје беа меѓу темите на кои се дискутираше на денешниот новинарски брифинг.
29.12.2021Град Скопје, навремено ги информира граѓаните дека мерката за бесплатен автобуски превоз, која беше прогласени на 27.12.2021 година, се укинува и почнувајќи од утре (30.12.2021 година) престанува да важи.
29.12.2021Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва во вестите на Сител ТВ, за БРТ превозот, истакна дека веројатно причината за агресивно наметнување на овој проект е лукративна цел, а проектот е штетен и ќе донесе еколошка катастрофа за градот Скопје.
28.12.2021Од денеска се ставени во функција ноќните линии на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и тоа со 9 автобуски линии: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65В.
28.12.2021Таеквондистот и најуспешен македонски олимпиец на последните Олимписки игри, каде што освои сребро, Дејан Георгиевски, избран e за најдобар спортист на Град Скопје, а наградата ја доби од градоначалничката Данела Арсовска.
27.12.2021Здрава животна средина со чист воздух, чиста околина и повеќе зелени површини е предуслов за обезбедување квалитетен живот за граѓаните на Скопје и токму ова ќе бидат и основните заложби на Град Скопје во овој четиригодишен мандат.
27.12.2021Согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух и по добиеното известување од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот миниумум, (над 150 μg/m3 среднодневни концентрации на ПМ10)...
26.12.2021Во најмал случај срамно е Петре Шилегов, човекот кој четири години не презема ниту една системска мерка за справување со загадениот воздух, проблем кој директно влијае на здравјето на граѓаните, сега преку објави на Фејсбук да се жали за состојбата во која тој го доведе Скопје.
24.12.2021Соопштение 24.12.2021 - Арсовска на средба со претставници на „Полио Плус“- подобрување на условите за живот и поголема инклузивност на лицата со попреченост
24.12.2021Градоначалничката Данела Арсовска денеска во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз" се сретна со членови од Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ и на дечињата им подели новогодишни пакетчиња.
23.12.2021Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на годишната конференција за децентрализација и локално управување во организација на УНДП.
22.12.2021Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска на конститутивната седница едногласно е избрана за нов претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), којашто ги обединува сите 81 општина во државата.
19.12.2021Градот Скопје интензивно продолжува со чистење на дивите депонии кои беа мапирани на повеќе локации низ градот. Денеска целосно беше исчистена дивата депонија во Карпош на улицата Марк Твен.