
Нападите на СДСМ кон Град Скопје се политички инструирани 20.1.2022
Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, беше градоначалник на Скопје пред грејната сезона, како и за време на почнувањето на грејната сезона на 15 октомври.
Градоначалникот на СДСМ Шилегов да имал ингеренции во својот мандат, веројатно, Градот ќе преземал нешто. Не само што не преземал ништо, туку нема ниту определено средства во Буџетот на Градот Скопје за оваа намена, ниту за какви било мерки за решавање на состојбите со кризата. Затоа очигледна е политичката позадина на нападите на СДСМ, кој се обидува одговорноста која како власт треба да ја понесат за не справувањето со енергетската криза, а со која се соочени граѓаните во сите општини во Македонија, а не само во Скопје.
СДСМ не презема ништо за носење мерки за заштита на граѓаните од ценовни шокови, иако знаеше дека државата ќе биде соочена со енергетска криза.
Наместо да се обидува СДСМ да ја дефокусира јавноста, треба да покажат дека се власт на централно ниво, а не опозиција и како сите други влади во Европа, иако задоцнето, да донесат мерки и да им излезат во пресрет на граѓаните.
Сите влади од Европа уште од септември 2021 година донесоа мерки за заштита на граѓаните од ценовниот шок предизвикан од енергетската криза.
- ВЕСТИ
- 28.05.2023 - Се одржа седмото издание на „Вози право, вози здраво”
- 26.05.2023 - Скопје добива нова ботаничка градина во ЗОО Скопје
- 26.05.2023 - Град Скопје дел од меѓународниот самит „ChangeNOW 2023“ во Париз
- 23.05.2023 - Терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци
- 23.05.2023 - Основана Федерација на угостителско-туристички училишта со седиште во Скопје
- 21.05.2023 - Прв до врв 2023
- 20.05.2023 - Одбележан 20 Мај – Денот на македонските пожарникари
- 16.05.2023 - Град Скопје со изведба на теренски вежби за спасување од под урнатини
- 10.05.2023 - Награда за Град Скопје на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ во организација на Црвен крст на град Скопје
- 05.05.2023 - Мурали со пораки за мир во светот од меѓународни уметници во Скопје