
Сите булевари и улици под Град Скопје се чисти и проодни, од почетокот на врнежите на снег фрлени 300 тони сол 21.1.2022
Екипите на зимската служба од ноќеска и утрово се на терен и ги чистат булеварите и улиците под надлежност на Градот, и тие се чисти и проодни. Од почетокот на врнежите на снег до сега се фрлени 300 тони индустриска сол.
Чистењето на сообраќајниците и тротоарите го вршат екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“, на располагање е и механизацијата на преостанатите јавни градски претпријатија. Покрај чистењето на сообраќајниците, активни се и тимовите и на преостанатите градски јавни претпријатија кои интервенираат со луѓе и со механизација во чистењето на јавните површини, расчистување на паднатите дрвја и на сливниците.
И во текот на денешниот ден продолжуваат активностите на зимската служба кои будно ја следат состојбата на градските сообраќајници и ќе интервенираат според потребите, согласно со условите на теренот.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека индустриската сол има ефект до - 7 степени Целзиусови и поради ниските температури можно е појавување на голомразица на коловозот и апелираме на голема внимателност во сообраќајот.
Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Апелираме до сите стопански субјекти во градот и до сите граѓани, кога ќе падне снег, да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните деловни, односно станбени објекти.
- ВЕСТИ
- 19.05.2022 - Град Скопје со поддршка на 116 проекти во износ од околу 13,5 милиони денари за развој и унапредување на спортот и образованието
- 19.05.2022 - Трето прскање против комарци на територија на градот Скопје
- 19.05.2022 - Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска во општина Карпош
- 18.05.2022 - Решени 2.001 барање од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk
- 18.05.2022 - Арсовска: Делуваме за подобрување на животот на лицата заболени од церебрална парализа
- 18.05.2022 - Делегацијата од „Four Paws International“ светската реномирана организација ја посети скопската ЗОО
- 18.05.2022 - Во пролетната акција во Ѓорче Петров досега се одложени 70 кубни метри кабаст отпад
- 17.05.2022 - ЈП „Градски паркинг“ со кампања за подобри услуги кон граѓаните под мотото „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите!“
- 17.05.2022 - Арсовска на Отворен ден во СУГС „Димитар Влахов“
- 17.05.2022 - Арсовска: Еколошкото образование на младите е клучен фактор за унапредување на заштитата на животната средина