Се реализира едно од ветувањата за првите 82 дена од градоначалничкиот мандат на Арсовска 17.1.2022

Тимови од градот составени од претставници кои секторски ќе одговараат на барањата на граѓаните и претставници од јавните претпријатија во надлежност на градот, отпочнаа со проценка на состојбата со заборавените населби во градот и изготвување на акциски план за спроведување на проекти за овие населби. Тимовите кои делуваат со цел брзо и ефикасно решавање на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните. отпочнаа со теренски активности за процена на состојбата со заборавените населби, преку средби со граѓани, претставници од месните и урбани заедници во општините во градот Скопје.

Денес еден од тимовите во Општина Гази Баба на терен разговараше со граѓаните и превзема дел од податоците неопходни за теренската проценка. По завршување на теренската работа, се превземаат активности за креирање на листа на проекти неопходни за надминување на предизвиците со кои се соочени граѓаните, со акциски план за спроведување на истите. Најголемиот број на жители во оваа општина истакнаа предизвици со водоводната мрежа, инфраструктурана на улиците, потребата од тротоари за безбедно движење како и соодветна светлосна сигнализација.

Градоначалничката на Град Скопје ги отпочна средбите со месните и урбаните заедници токму од Општина Гази Баба минатиот месец, каде сите претставници имаа можност детално да ги образложат предизвиците со кои се соочуваат жителите на оваа општина.