НОВАТА ВЕЛОПАТЕКА НА ПАРАПУНОВ ПОВРЗУВА 5 ПОСТОЈНИ ВЕЛОПАТЕКИ ВО СКОПЈЕ

24.12.2020 Градот Скопје денеска и официјално ја стави во употреба велосипедската патека на улицата Никола Парапунов која беше реконструирана оваа есен, како дел од градежната офанзива за 2020 година.

Повеќе

НОВ ЗЕЛЕН СКВЕР ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД КАРПОШ 2

23.12.2020 На аголот помеѓу булеварот Илинден и улицата Никола Тесла, до гимназијата „Орце Николов“, редизајнирана е зелената површина и целосно е уреден првиот сквер согласно со потребите на граѓаните за одмор, релаксација, дружење и сл.

Повеќе

ЈП ЛАЈКА, ПОКРАЈ ОД ГРАДОТ, ЌЕ СЕ ФИНАНСИРА И СО СРЕДСТВА ОД ОПШТИНИТЕ ВО СКОПЈЕ

22.12.2020 Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и општините во Скопје за заловување на кучиња е една од поважните одлуки за која ќе одлучуваат советниците на денешната 61-ва седница.

Повеќе

ПАРКИНГОТ НА ВОДНО ВО ТЕКОТ НА   ВИКЕНДОТ ГО ИСКОРИСТИЛЕ   358 ВОЗИЛА

21.12.2020 Паркингот на Водно во текот на  викендов го искористиле 358 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Повеќе

ПОРАНЕШНАТА ДИВА ДЕПОНИЈА ВО МИЧУРИН СЕГА Е НОВ ЗЕЛЕН ПАРК ЗА ГРАЃАНИТЕ

21.12.2020 Повеќедецениската дива депонија во населбата Мичурин од која годинава екипите на Град Скопје расчистија 15.000 кубни метри отпад, денес е нов зелен парк за граѓаните.

Повеќе

НА ДОМОТ НА ГРАДЕЖНИЦИ, ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ СЕ ПРАВИ ВТОРИОТ ЗЕЛЕН ПОКРИВ ВО СКОПЈЕ

18.12.2020 Градот Скопје во соработка со УНДП почна со уредување на вториот зелен покрив во центарот на градот - покривот на Домот на градежници.

Повеќе

ГРАД СКОПЈЕ ГО ПРОЕКТИРАШЕ БУЏЕТОТ ЗА 2021-ТА: НАМАЛУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА ПОРАДИ СВЕТСКАТА ПАНДЕМИЈА ОД КОВИД-19

17.12.2020 На денешната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледува Предлог – буџетот на Град Скопје за 2021 година.

Повеќе

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 238 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

17.12.2020 Во текот на изминатата недела (10.12 – 16.12.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 238 возила од јавните површини.

Повеќе

СОВЕТОТ НА СКОПЈЕ ЌЕ ГЛАСА ЗА ПАМЕТНО ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ И ПЛАТФОРМА ЗА ПАМЕТЕН ГРАД

17.12.2020 Развојниот план за изградба и одржување на паметно јавно осветлување на улици во надлежност на Град Скопје и платформа за паметен град на подрачјето на Град Скопје за период (2021-2023) година е една од главните точки за која ќе расправа Советот на Град Скопје на денешната 60-та седница.

Повеќе

ПРВ ЦРВЕН ДРВОРЕД ВО СКОПЈЕ НА БУЛЕВАРОТ 8.СЕПТЕМВРИ

16.12.2020 Нов дрворед со околу 100 листопадни дрвја и 1.100 нискостеблести растенија со црвени листови деновиве е формиран по должината на булеварот 8.Септември, во есенската акција на Град Скопје за раззеленување на јавните површини.

Повеќе

ЗАВРШИ КАМПАЊАТА НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА БЕСПЛАТНО ПОДИГАЊЕ ОСТАТОЦИ ОД БЕРБА

15.12.2020 Кампањата на Град Скопје за бесплатно собирање остатоци од берба која има за цел да се спречи палењето на стрништата за оваа година заврши и даде добри резултати.

Повеќе

 ПАРКИНГОТ НА ВОДНО ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ ГО ИСКОРИСТИЛЕ 393 ВОЗИЛА

14.12.2020 Паркингот на Водно во текот на викендов го искористиле 393 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Повеќе

СКОПЈЕ ДОБИ УШТЕ ЕДЕН МОДЕРЕН БУЛЕВАР – ПРВИОТ ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ОТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ

14.12.2020 Екипите на Град Скопје ја завршија изградбата на првиот дел од новопроектираниот булевар Босна и Херцеговина, кој изминативе месеци прерасна од улица со две ленти во современо булеварско решение со шест сообраќајни ленти и комплетна инфраструктура.

Повеќе

ОД ДЕНЕСКА СЕ ГРАДИ И ПРОШИРУВА БУЛЕВАРОТ НИКОЛА КАРЕВ ДО МОМИН ПОТОК

12.12.2020 Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа втората фаза од изградбата и реконструкцијата на булеварот Никола Карев, на потегот од крстосницата кај касарната „Илинден“ до Момин поток. Градежни работи ќе се изведуваат на траса долга околу 1 километар, а покрај реконструкцијата на постојниот коловоз предвидено е и негово проширување на 4 сообраќајни ленти со ширина од 3,5 метри, разделно зеленило и мешани пешачко-велосипедски патеки од двете страни.

Повеќе

НЕКОГАШНИОТ НАПУШТЕН ПРОСТОР ВО КИСЕЛА ВОДА Е НОВ ЗЕЛЕН ПАРК ЗА ГРАЃАНИТЕ

11.12.2020 Напуштениот простор во Кисела Вода, лоциран меѓу улицата Лазар Димитров и железничката пруга, зад бараките во населбата 11 Октомври, денес е нов зелен парк, на површина од околу 16.000 квадратни метри. На овој простор деновиве се засадени околу 200 висококвалитетни дрвја кои веќе напролет ќе развијат убави крошни чии сенки ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци и ќе го раззеленат овој јавен простор кој до неодамна беше дива депонија.

Повеќе

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 148 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

10.12.2020 Во текот на изминатата недела (03.12 – 09.12.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 148 возила од јавните површини.

Повеќе

ЗАЕДНИЧКИОТ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР МЕЃУ ГРАДОТ И ОПШТИНИТЕ ПРЕД СОВЕТНИЦИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ

09.12.2020 На денешната 59-та седница Советот на Град Скопје ќе одлучува за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Градот Скопје и општините за заедничко вршење на надлежности од областа на инспекцискиот надзор.

Повеќе

ЗАЗЕЛЕНУВА И НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК НА КЕМАЛ СЕЈФУЛА

08.12.2020 Новиот кружен тек во Чаир на улицата Кемал Сејфула денеска е раззеленет со 300 садници, а на улицата Втора македонска бригада е подигнат нов дрворед со над 200 висококвалитени дрвја. На денешното раззеленување во Чаир присуствуваше градоначалникот Шилегов.

Повеќе

ПАРКИНГОТ НА ВОДНО ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ ГО ИСКОРИСТИЛЕ 575 ВОЗИЛА

07.12.2020 Паркингот на Водно во текот на викендов го искористиле 575 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Повеќе

ВЕЧЕР ЌЕ СВЕТНЕ НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА НА ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“

07.12.2020 Новогодишната елка што е поставена на плоштадот „Македонија“ ќе светне вечер во 19 часот, како предвесник на новогодишното празнување во Скопје.

Повеќе