ПРВО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ ЛАРВИ ОД КОМАРЦИ ЗА ГОДИНАВА 01.04.2021

Градот Скопје известува дека на 03.04.2021 година (сабота), во раните утрински часови, ќе се врши авионска дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.