Продолжува реконструкцијата на пешачките патеки во Градскиот парк

16.03.2022 Екипите на ЈП „Улици и патишта“ продолжуваат со активности за реконструкција и санација на пешачките патеки во Градскиот парк, со вкупна површина од 18.000 квадратни метри.

Повеќе

Шестотини скопски средношколци и наставници ќе бидат дел од проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“

16.03.2022 Во 23 средни училишта на Град Скопје деновиве започа реализацијата на четвртиот циклус тримесечни бесплатни online настава за изучување на македонскиот, албанскиот и турскиот јазик.

Повеќе

Комуналните инспектори на Град Скопје со контроли на терен

16.03.2022 Инспекторите од Одделението за комунална инспекција при Секторот Инспекторат на Град Скопје во текот на изминатата недела, согласно со своите законски овластувања, вршеа контроли на целата територија на град Скопје.

Повеќе

Арсовска на средба со урбаните заедници во Општина Карпош

16.03.2022 Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска одржа координативен состанок со градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и претставници на урбаните заедници од општината Карпош.

Повеќе

Извршена контрола на светлосната сигнализација на повеќе крстосници низ градот

15.03.2022 Екипите на ЈП „Улици и патишта“ на повеќе улици низ градот поставуваа вертикална сигнализација и вршеа санација на бекатон плочите на тротоарите.

Повеќе

Екипите на Водовод со повеќе интервенции на терен

15.03.2022 Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ во текот на изминатата недела, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани, покрај тоа што ги извршуваа редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа и на неколку локации во градот.

Повеќе

Арсовска-Муржицки: Македонско-Чешката трговска размена има огромен потенцијал за раст

15.03.2022 Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, учествуваше во Македонско-Чешкиот бизнис форум кој се одржа денеска во Скопје.

Повеќе

Во текот на викендот се опожарени 8 садови за одлагање на комунален отпад

14.03.2022 Во текот на изминатиот викенд беа опожарени осум садови за одлагање на комунален отпад поставени на јавните површини во Скопје

Повеќе

Нови садници на место на паднати дрвја од минатонеделните снежни врнежи

14.03.2022 Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска засадија 2 врби и 8 туи кај Пожарната станица во Тафталиџе на место на едно паднато дрво од минатонеделните снежни врнежи, а на улицата Народен фронт засадија 4 туи на местото на едно искршено дрво.

Повеќе

Нови дрвени елементи во ,,Рајскиот парк" во Ново Лисиче

13.03.2022 По налог на Град Скопје екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ во текот на изминатите денови поставија нови елементи изработени од дрво во Рајскиот парк во населбата Ново Лисиче.

Повеќе

Дежурства на градските комунални редари спроти Ист гејт – поднесени 4 прекршочни пријави за неправилно одложување комунален отпад

12.03.2022 Инспекторатот на Град Скопје, покрај засилените контроли, организираше и дежурства на градските комунални редари на локацијата спроти трговскиот Ист гејт мол, каде што изминатиов период од несовесни граѓани континиурано неправилно се одложува комунален отпад и се создаваат диви депонии

Повеќе

Арсовска на средба со претставници на МАТУСИТЕБ - Сојуз на турски невладини организации

12.03.2022 Градоначалничката Арсовска оствари средба со Претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Македонија Хусрев Емин и извршниот директор Мехмед Ариф, со кои разговараше за можностите за билатерална поддршка и соработка...

Повеќе

Советот на  Град Скопје изгласа 7 милиони денари хуманитарна помош за граѓаните на Украина

11.03.2022 Советот на Град Скопје вчера, 10.03.2022 годинана, ја одржа шестата седница на која се изгласа Одлука за давање хуманитарна помош за граѓаните на Украина во износ од 7 милиони денари, како израз на солидарноста на скопјани за граѓаните зафатени од воениот конфликт во таа земја.

Повеќе

„Градски паркинг“ санкционира  64 непрописно паркирани возила на јавни површини

11.03.2022 Во текот на изминатата недела (03.03 – 09.03.2022 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 64 возила од јавните површини.

Повеќе

Арсовска: По 12 години реконструкција на Бутелска - Градот Скопје ги финансира градежните работи

11.03.2022 Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, изврши увид во состојбата на улицата „Бутелска“, во општина Бутел за чија реконструкција Градот Скопје има издвоено над 26 милиони денари.

Повеќе

Oдбележани 79 години од депортацијата на македонските Евреи во Tреблинка

11.03.2022 Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска организираше прием за претставници од Еврејската заедница по повод одбележување 79 години од депортацијата на 7.144 македонските Евреи во 1943 година.

Повеќе

Арсовска: Имаме заедничка определба да создаваме општество каде на секое дете ќе му биде овозможена подеднаква грижа

11.03.2022 Денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска присуствуваше на годишниот настан за доделување на признание на најголемите поддржувачи на СОС Детско село

Повеќе

Градот Скопје ќе финансира целосна реконструкција на улицата „Славка Динкова“ во општина Кисела Вода во износ од над 50 милиони денари

10.03.2022 Советот на Град Скопје на денешната седница расправаше и донесе одлука Град Скопје да реализира голем инфраструктурен проект за целосна реконструкција на улицата Славка Динкова, општина Кисела Вода.

Повеќе

Формиран Градскиот штаб за заштита и спасување

10.03.2022 На денешната седница Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за формирање на Градскиот штаб за заштита и спасување, чиј командант според закон е градоначалникот на Град Скопје.

Повеќе

Градот Скопје ја ослободи Владата и други објекти од државен интерес од обврската за плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште

10.03.2022 На денешната седница Советот на Град Скопје донесе повеќе одлуки за ослободување на повеќе јавни институции од обврската за плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште.

Повеќе