Арсовска: Ќе има одговорност за сите кои го злоупотребиле Буџетот на Градот 18.4.2022
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија на прашање зошто има толку напади во изминатиот период истакна дека тоа е обид да се превенира покренување на постапки за одговорност во градот.
Не верувам дека за пет месеци може да се оцени нечија успешност или неуспешност. Сите овие напади се само резултат на тоа дека сите работи кои беа индиции во време на кампањата, сега ги откриваме и следи одговорност за секој кој извршил извесни злоупотреби во буџетот на градот. Не се откажувам и покрај сите напади, може да напаѓаат колку сакаат. Знам дека притисокот е голем, но граѓаните треба да знаат дека има човек во Скопје кој сака да има ред, сака да направи да има систем и она кое што се случувало во минатото повеќе да не се случува, истакна градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска во гостувањето во Само вистина на Канал 5 телевизија.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
