Град Скопје со поддршка на 51 проект за унапредување на социјалната, детската и здравствената заштита 19.4.2022
Градот Скопје донесе одлука за поддршка на проекти и програмски активности на здруженија на граѓани и фондации, од областа на социјалната, детската и здравствената заштита во градот Скопје, за 2022 година.
Поддржаните проекти и програмски активности од годишниот повик се однесуваат на приоритетите дефинирани во Програмата за активностите во областа на социјална, детска и здравствена заштита во град Скопје за 2022 година, и тоа:
- Остварување социјална заштита на лица со попреченост;
- Општествено вклучување и социјални услуги за ранливите категории на граѓани;
- Еднакви можности на жените и мажите, недискриминација, поттикнување и развој на лични и општествени вредности;
- Унапредување на здравствена заштита;
На јавниот повик кој беше објавен во февруари, организации поднесоа барања за користење средства од Буџетот на Град Скопје за 2022 година, наменети за финансирање проекти и програмски активности на здруженија на граѓани и фондации, од областа на социјална, детска и здравствена заштита во градот Скопје.
Листа на поддржани проекти и програмски активности:
https://skopje.gov.mk/media/8426/lista-na-proekti-socijala-2022.pdf
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
