Арсовска: Директор поставен од СДСМ го креираше дневниот автобуски билет, а сега го критикуваат сопствениот проект 18.4.2022
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија истакна дека сите проекти кои претходно биле отпочнати, а се за доброто на Скопје и скопјани ќе бидат целосно имплементирани. Како еден од тие проекти го посочи дневниот автобуски билет, истакнувајќи дека се небулозни критиките од страна на СДСМ кога претходното градско раководство и нивниот директор го креирале овој проект.
- Дневниот автобуски билет токму претходното раководство коешто е дел од СДСМ го има креирано, има донесено решение и има платено огромна сума на средства да се испечатат овие билети и да се креира практично токму ова што сега тие го критикуваат. СДСМ практично го критикуваат сопствениот проект. Јас и претходно кажав, сето она што било направено а е за доброто на скопјани нема да се стопира. Ќе продолжат сите оние проекти коишто се за добробит на скопјани. Тие се обидуваат преку лаги да прикажат туѓ неуспех, истакна градоначалничката Арсовска.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
