Арсовска: Награда за скопските пожарникари за брзата и ефикасна реакција за гаснење на пожарот во фабриката Треска 15.4.2022

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска донесе одлука да се додели соодветна награда за скопските пожарникари за нивната брза реакција и ефикасна интервенција при вчерашното успешно справување со огнената стихија во поранешната фабрика Треска.

- Пожарникарите се хероите на нашиот град. Во знак на благодарност за нивната пожртвуваност и високото ниво на професионалност, донесов одлука да бидат соодветно наградени, како одраз на поддршка за заштитата на Скопје и скопјани. Пожарот со кој во текот на вчерашниот ден се соочи противпожарната бригада беше со висок ризик, од голем размер кој тие брзо го локализираа без жртви и повредени. Со експресна реакција и повеќечасовна борба со огнената стихија го локализираа силниот пожар и ги заштитија имотите и животите на нашите сограѓани. Градот Скопје и граѓаните Ви се благодарни – истакна Арсовска.