17.12.2019 Град Скопје вчера (16.12.2019, понеделник) ја одржа втората работна средба со граѓани, економски оператори, рекреативци, спортски клубови и здруженија за заштита на планината Водно, со цел да го презентира концептот и да предложи соодветни содржини кои можат да се земат предвид за развој на туристичко-рекреативен центар Водно.