ПОКАНА ЗА 49-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ 06.02.2020

Советот на Град Скопје на ден 11.02.2020 гпдона (четврток) во 11 часот ќе ја одржи својата 49-та седница.

На седницата советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред:

 

1. Извештај за извршување на Буџетот на Град Скопје за периодот од 01.01. до  12. 2019 година;

2. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Град Скопје за 2020 година.

3. Предлог-Одлука за прием во сопственост на едно моторно возило;

4. Предлог-Одлука за продажба на недвижен имот-со намена домување;

5. Предлог-Одлука за давање соглaсност и право на градење на објект;

6. Предлог-Одлука за субвенционирање на ЈП депонија Дрисла-Скопје;

7. Предлог-Одлука за давање на времено користење недвижна ствар на ЈУ Универзална сала-Скопје;

8. Предлог-Одлука за доделување парична помош на семејствата со опожарени станбени објекти во Општина Шуто Оризари;

9. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за измена на Одлуката за ослободување од плаќање на дел од потрошена вода на корисници кои примаат постојана парична помош;

10. Предлог-Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за измена на Статутот на ЈП Комунална хигиена –Скопје;

11. Предлог-Одлука за давање согласност на Статутот на ЈП депонија Дрисла-Скопје;

12. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за давање на донација на движен имот електромобили на ЈП Градски паркинг;

13. Предлог-Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма на ЈП „Лајка“ -Скопје за 2020 година;

14. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за благосостојба на животни скитници на подрачјето на Град Скопје во 2020 година

15. Предлог-Одлука за давање согласност на Инвестиционата програма на ЈП депонија Дрисла- Скопје за 2020 година;

16. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за работа на ЈП депонија Дрисла-Скопје за 2020 година и

17. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за измена на цените на услугите во ЈУ Градска библиотека “Браќа Миладиновци“- Скопје.

 

Седницата ќе се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје, барака 13, бул. Илинден бр. 82.