ОТСТРАНЕТИ 76 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

21.03.2020 Во текот на изминатата недела (13.03 - 19.03.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 76 возила од јавните површини.

Повеќе

ГОЛЕМА АКЦИЈА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА И МИЕЊЕ НА СООБРАЌАЈНИЦИ И ЈАВНИ ПРОСТОРИ ВО СИТЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ

21.03.2020 Град Скопје, јавните градски претпријатија и екипите на Противпожарната бригада на Скопје денес и утре на терен спроведуваат голема акција за дезинфекција и миење на сообраќајниците и јавните простори во сите скопски општини.

Повеќе

ФОТОГРАФИЈАТА НА ПЕТАР ПРЕНТОВИЌ ИЗБРАНА ЗА НАЈДОБРАТА ФОТОГРАФИЈА НА ТЕМА #СКОПЈЕДОМА ЗА ВЧЕРАШНИОТ ДЕН

21.03.2020 Оваа фотографија на Петар Прентовиќ е победник на вчерашниот ден, на конкурсот на Град Скопје за избор на автентични фотографии, видеа или гифови од домовите на граѓаните кои го поминуваат времето во изолација сами, со нивните семејства или со милениците.

Повеќе

ГРАД СКОПЈЕ СО ГОЛЕМА АКЦИЈА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА И МИЕЊЕ НА ЈАВНИ ПРОСТОРИ

21.03.2020 Во текот на денешниот ден екипите на Град Скопје, јавните градски претпријатија и Противпожарната бригада на Скопје со цистерни со специјално средство спроведоа голема акција за миење на градските сообраќајници, пешачки и велосипедски патеки, како и автобуските постојки во сите општини.

Повеќе

ЗА ПОТРЕБИТЕ НА КЛИНИКА ЗА ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ - СЕ ЧИСТИ ПРОСТОРОТ КАЈ БАРАКИТЕ „МЕДИЦИНАР“

21.03.2020 Како дел од активностите за борба против коронавирусот, на барање на Министерството за здравство и клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Градот Скопје помогна во рушењето и чистењето на просторот на дел од бараките во рамки на скопскиот студентски дом „Невена Георгиева-Дуња“, познат како „Медицинар“.

Повеќе

ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА УЛИЦИТЕ ВО БАТИНЦИ И ГЛАВНИОТ ПАТ КОН ДЕПОНИЈАТА ДРИСЛА

20.03.2020 За да се заштити здравјето на граѓаните Градот Скопје спроведена е акција за дезинфекција на улиците во населеното место Батинци, во близина на депонијата Дрисла.

Повеќе

ИЗБРАНА НАЈДОБРАТА ФОТОГРАФИЈА НА ТЕМА #СКОПЈЕДОМА ЗА ВЧЕРАШНИОТ ДЕН

19.03.2020 Оваа фотографија на Јехона Спахиу е победник на вчерашниот ден, на конкурсот на Град Скопје за избор на автентични фотографии, видеа или гифови од домовите на граѓаните кои го поминуваат времето во изолација сами, со нивните семејства или со милениците.

Повеќе

ВО ТЕКОТ НА МИНАТАТА НЕДЕЛА ИЗГАСНАТИ 15 ОГНОВИ НА ОТВОРЕНО ВО СКОПЈЕ

19.03.2020 Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 12.03 до 18.03.2020 година на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, регистрирала 16 пријави од граѓаните.

Повеќе

СОСТАНОК НА КРИЗНИОТ ШТАБ НА ГРАД СКОПЈЕ

19.03.2020 Денеска, во просториите на Град Скопје, состанок одржа Кризниот штаб на Град Скопје, со кој раководи градоначалникот Петре Шилегов.

Повеќе

ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА УЛИЦИТЕ ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА

18.03.2020 За да се заштити здравјето на граѓаните Градот Скопје денеска спроведе акција за дезинфекција на Старата скопска чаршија.

Повеќе

ГРАД СКОПЈЕ: НОСЕТЕ МАСКИ И РАКАВИЦИ АКО СЕ ВОЗИТЕ ВО АВТОБУС

18.03.2020 Градот Скопје им препорачува на корисниците на јавниот автобуски превоз да користат средства за лична заштита - маски и ракавици.

Повеќе

ГРАДОТ СКОПЈЕ ОД ДЕНЕСКА РАБОТИ ОД 9 ДО 14 ЧАСОТ

17.03.2020 За да се заштити здравјето на граѓаните и на вработените, службите на Град Скопје од денеска /17.03.2020 година, вторник/ ќе работат со скратено работно време, од 9 до 14 часот.

Повеќе

ГРАД СКОПЈЕ НЕМА ДА ПРЕЗЕМА ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ КОН ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ ДОДЕКА ТРААТ ПРЕПОРАКИТЕ

16.03.2020 Градот Скопје ги известува граѓаните дека нема да презема никакви дополнителни мерки, вклучително и присилна наплата, кон сите даночни обврзници во Скопје што имаат неподмирени долгови, додека траат препораките и мерките на Владата...

Повеќе

МИЕЊЕ И ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР „МАЈКА ТЕРЕЗА“

15.03.2020 Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ започнаа голема акција за миење и дезинфекција на улиците во внатрешноста на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Повеќе

ШАЛТЕРИТЕ ВО БАРАКА БРОЈ 16 СО СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ

15.03.2020 Во согласност со издадените мерки и препораки од Владата, Градот Скопје ги известува граѓаните дека шалтерите во барака број 16 од утре /16.03.2020 година, понеделник/ ќе работи со променето работно време.

Повеќе

ОТСТРАНЕТИ 209 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

14.03.2020 Во текот на изминатата недела (06.03 - 12.03.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 209 возила од јавните површини.

Повеќе

ОД ДЕНЕСКА НЕ РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, НЕ ВОЗАТ НИТУ БЕСПЛАТНИТЕ АВТОБУСКИ ЛИНИИ ДО СРЕДНО ВОДНО

13.03.2020 Градот Скопје ги информира граѓаните дека од денеска (13.03.2020 година) жичницата на Водно нема да работи, во согласност со мерките и препораките за заштита од корона вирусот.

Повеќе

ШАЛТЕРИТЕ ВО БАРАКА БРОЈ 16 ОД ДЕНЕСКА ЌЕ РАБОТАТ ДО 16:00 ЧАСОТ

13.03.2020 Во согласност со издадените мерки и препораки од Владата, Градот Скопје ги известува граѓаните дека шалтерите во барака број 16 од денеска /13.03.2020 година, петок/ ќе работат до 16:00 часот.

Повеќе

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ОГНОВИ НА ОТВОРЕНО ВО СКОПЈЕ

12.03.2020 Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 05.03 до 11.03.2020 година на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, регистрирала 5 пријави од граѓаните.

Повеќе

ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ТАКСИ ВОЗИЛАТА И ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ И РЕДУЦИРАН ВОЗЕН РЕД

12.03.2020 Град Скопје испрати препорака до сите такси превозници на подрачјето на градот Скопје да ги дезинфицираат такси возилата на дневна основа пред да се вклучат во сообраќај, а такси возачите да користат лична зашитита (маска и гумени ракавици).

Повеќе