
ЗАВРШИ ПРВАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПЛАСТИЧАРСКА 17.5.2020
Со нанесување на завршниот асфалтен слој, викендов, екипите на Град Скопје ја финализираа првата фаза од проширувањето и реконструкцијата на булеварот Никола Карев, односно познатата Пластичарска улица. Скопје добива уште една современа сообраќајница која има 4 сообраќајни ленти, велосипедска и пешачка патека и средишно зеленило.
Изминатиов период интензивно, со засилено темпо и ноќно работење се реконструираше и прошири овој булевар којшто е еден од најважните сообраќајници во Скопје бидејќи поврзува 4 општини - Гази Баба, Чаир, Центар и Карпош. Затоа, оваа реконструкцијата е посебно значајна и од особен интерес за граѓаните кои во голем број секојдневно се движат и поминуваат во овој фреквентен дел од градот.
Градежните работи викендов се изведуваа на потегот од крстосницата со ул. Самоилова во близина на Амбасадата на САД до влезот во касарната „Илинден“, а со реконструкцијата на улицата од клучката Бит-пазар во вкупна должина од 1.440 метри, Скопје доби уште едно ново булеварско решение.
На улицата досега беше изведена комплетно нова атмосферска канализација која не постоеше, а се изврши и целосна реконструкција и на другите подземни инсталации.
Во тек е проектирањето на втората фаза која ќе опфати градежни активности на потегот од влезот во касарната „Илинден“ до спојувањето со булеварот Словенија, како и изградба на голема клучка кај Тетовска трошарина.
- ВЕСТИ
- 20.09.2023 - ГРАД СКОПЈЕ ИЗБРАН ОД ЕУ ЗА ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТА 2028
- 19.09.2023 - Петта фаза од дезинсекција против ларви од комарци
- 15.09.2023 - Филмска вечер на отворено со филмот „Стела“ во рамки на фестивалот за миленици „Скопје Пет Фест“
- 11.09.2023 - Соопштение за јавност
- 11.09.2023 - Град Скопје заврши со реконструкција на улицата Славејко Арсов
- 08.09.2023 - Делегација на Град Скопје положи цвеќе по повод 8 Септември
- 07.09.2023 - ПЕТТА ФАЗА ОД ТЕРЕСТРИЧНАТА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ПРОТИВ КОМАРЦИ
- 07.09.2023 - ВО САБОТА ФИЛМСКА ВЕЧЕР НА ОТВОРЕНО СО „МЕДЕНА ЗЕМЈА“
- 05.09.2023 - Соопштение за јавност
- 04.09.2023 - Градот Скопје склучи Меморандум со Академијата за културна дипломатија од Берлин