Реконструкција на водоводна мрежа во Гази Баба 09.3.2023
Денес градоначалничката на град Скопје, заедно со директорот на ЈП Водовод и Канализација-Скопје направија увид во работата на реконструкцијата на целокупната водоводна мрежа во парк шумата Гази Баба.
Инвестицијата за реконострукцијата за овој проект кој е од исклучително значење за жителите на Гази Баба е инвестиција од сопствени средства на ЈП Водовод и Канализација Скопје, во висина од 14.033.800 денари.
Со реализација на овој проект се осигурува постојано, непречено и квалитетно без загуби во мрежата водоснабдување на поголем дел на територија на општина Гази Баба (нас. Железара, Автокоманда), а променет е и цевководот и поставена е цевка 250мм.
Со завршување на првата фаза односно крак 1, се изведе дислокација на водоводната мрежа по нова патека одобрена од Град Скопје односно ЈП Паркови и зеленило, во должина од 488 метри и се изврши поврзување со постоечкиот цевковод на ул. Тајмишка.
Воедно беа изградени и две нови шахти: шахта со испуст во бунар, и водоводна шахта за поврзување на новата цевка со дијаметар од 250мм со постоечката цевка со дијаметар од 200мм.
При изведбата беа вградени дуктилно - лиени железни цевки и соодветни фасонски парчиња и арматури.
- ВЕСТИ
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност