Саниран деликатен дефект поради кој дел од Скопје беше без водоснабдување 10.1.2022
Во текот на вчерашниот ден теренските екипи на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје се соочија со дефект на ул. Теодосиј Гологанов, односно на крстосницата со ул. Анкарска.

Поради дефект на цевка со дијаметар од 400мм без водоснабдување беа оставени жителите од соседните улици, односно улиците: Митрополит Теодосиј Гологанов, Анкарска, Атинска, Њуделхиска, Бахар Моис Римска, Панче Пешев, Наум Евро и дел од улица Борка Талевски, а со намален притисок на водоснабдување беа дел од жителите на населба Козле.

Дефектот бил деликатен, бидејќи цевката била длабоко под асфалтот и од истата било откинато големо парче на пластика, што укажува на тоа дека со оглед на големината на дефектот, истиот е саниран и завршен за многу кусо време, а жителите од околните улици уште во текот на вчерашниот ден биле приклучени и имаат непречено водоснабдување.

- ВЕСТИ
- 24.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 17.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.06.2026 - Активни Комисиите при Советот на Град Скопје
- 09.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.05.2026 - Соопштение за јавностa
- 22.05.2026 - Oдржан е третиот состанок на Живата лабораторија (Living Lab) во рамки на проектот TERRAIN
- 19.05.2026 - Соопштение за јавностa
- 05.05.2026 - Соопштение за јавноста
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
