Oдржан е третиот состанок на Живата лабораторија (Living Lab) во рамки на проектот TERRAIN 22.5.2026
Град Скопје на 19 мај 2026 година беше домаќин на третата средба на TERRAIN Живата лабораторија (Living Lab), организирана во рамки на проект Twinning and Engagement in net-zero tRansport tRAnsItioN – TERRAIN финансиран од страна на Европската програма Interreg IPA ADRION, посветен на развојот на одржлива урбана мобилност.
На средбата учествуваа претставници од институции, јавни претпријатија, општини, академската заедница и граѓански организации. Состанокот претставуваше значајна можност за продолжување на дијалогот меѓу засегнатите страни, размена на искуства и заедничко креирање решенија за подобрување на урбаната мобилност во градот. Посебен фокус беше ставен на разгледување и приоритизирање на мерките за мобилност Фаза 3 согласно европската методологија за креирање на План за одржлива урбана мобилност (SUMP).
Во рамките на дискусиите беше нагласена потребата од:
- промовирање активна мобилност;
- подобрување на јавниот превоз;
- оптимизација на сообраќајот;
- поддршка на е-мобилноста;
- зајакнување на институционалните капацитети.
Учесниците во рамки на средбата дефинираа „quick win“ активности, како што се паметни системи за управување со сообраќајот, информативни системи на автобуските постојки, пилот-пешачки зони и проширување на велосипедската инфраструктура.
Дополнително, беа разгледани и среднорочни и долгорочни мерки, како модернизација на јавниот превоз, воведување посебни ленти за автобуси, развој на системи за споделување велосипеди, проширување на пешачките зони, имплементација на брз автобуски превоз (BRT), развој на нова транспортна инфраструктура, воведување на мерки за промоција и имплементирање на е-мобилност.
Учесниците истакнаа дека ваквите мерки се клучни за создавање побезбеден, почист, подостапен и поодржлив систем на мобилност за сите граѓани.
Воедно, беше потенцирана и важноста од континуирана институционална соработка помеѓу Град Скопје, општините, јавните претпријатија, министерствата, граѓанските организации и приватниот сектор, како и обезбедување финансиска поддршка преку национални и европски програми, меѓународни финансиски институции и јавно-приватни партнерства.
Состанокот заврши со заедничка заложба за продолжување на соработката и понатамошен развој на инклузивен и одржлив систем на урбана мобилност, целосно усогласен со принципите на SUMP и европските цели за мобилност.
- ВЕСТИ
- 22.05.2026 - Oдржан е третиот состанок на Живата лабораторија (Living Lab) во рамки на проектот TERRAIN
- 19.05.2026 - Соопштение за јавностa
- 05.05.2026 - Соопштение за јавноста
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
