Соопштение за јавноста 05.5.2026

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 07.05.2026 година (четврток) во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.