Чистењето на депонии низ Скопје продолжува 15.1.2022
Продолжува чистењето и средувањето на над 120 мапирани депонии низ Скопје. На дивата депонија во Лисиче кај Усјански канал исчистени се вкупно 538 метри кубни на смет, шут и кабаст отпад и девастирана вегетација. Исчистена е вкупна површина од 1345 метри квадратни.

Кај депонијата во Кисела Вода на улица Христо Татарчев исчистена е површина од 506m2 со исчистен и транспортиран смет, шут и кабаст отпад во депонијата Дрисла. Исчистената депонија е комплетно оградена со метални столпчиња и жица во висина од еден метар.

Чистењето на дивите депонии во Скопје е приоритет во заштитата на животната средина и намалување на загадувањето на средината, а со тоа и дополнително придонесување кон зголемување на аерозагадувањето во Скопје. За првпат се изречени големи казни за лицата и компаниите кои фрлаат нелегално отпад и оваа пракса ќе продолжи и понатаму. Неселективно ќе се постапува за сите оние кои го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните.

Скопје ќе биде град без диви депонии и токму ова е еден од главните проекти на кој Град Скопје активно работи, во соработка со општините и јавните претпријатија под Градот.

Град Скопје ги повикува граѓаните да бидат совесни и одговорни граѓани кои се грижат за животната средина, бидејќи само така можеме заеднички да придонесеме кон почисто, зелено Скопје за нас и за идните генерации.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
