Соопштение до јавноста 24.10.2023
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денес се обрати во Советот на Европа во Стразбур, Франција на Конгресот на локални и регионални власти во улога на претседател на Форум на градоначалници при Обединетите Нации со денес новоизбраниот претседател на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа Марк Кулс и Матие Мори, генералниот секретар на Конгресот. Арсовска доби и уште едно признание во меѓународни рамки за својата посветеност и работа за остварување на проектите во интерес на граѓаните.

Градоначалничката на Град Скопје ја доби целосната доверба на Европската народна партија EPP European People’s Party и едногласно беше избрана на висока функција во структурите на партијата во рамки на Конгресот. Арсовска на предлог на претседателството на Европската народна партијата во Конгресот едногласно беше избрана за потпретседател на Европската народна партија за локални власти, додека за претседател на Европската народна партија за локални власти беше избран Андерс Кнапе.

Арсовска како претседател на Форумот на Градоначалници на Обединетите Нации UN Forum of Mayors и член на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници во ноември ќе биде домаќин на над 100 градоначалници од САД, Европа, Азија, Блискиот Исток, Африка и каде преку платформа се отпочнува со заеднички проекти за надминување на предизвиците со кои се соочуваат локалните самоуправи, особено преку соработка за грижата кон сите граѓани, инклузивност, одржливост и инфраструктурата.
- ВЕСТИ
- 17.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.06.2026 - Активни Комисиите при Советот на Град Скопје
- 09.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.05.2026 - Соопштение за јавностa
- 22.05.2026 - Oдржан е третиот состанок на Живата лабораторија (Living Lab) во рамки на проектот TERRAIN
- 19.05.2026 - Соопштение за јавностa
- 05.05.2026 - Соопштение за јавноста
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
