Соопштение 26.10.2022
Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека на електронската адреса 24@skopje.gov.mk може да ги пријавуваат предизвиците со кои се соочуваат во средината во која што живеат, а кои се од надлежност на Градот Скопје. Стручните служби во Градот Скопје се задолжени да одговорат на нивните барања или да ги решат во рок до 72 часа. Со тоа се овозможува брза и непосредна интервенција на терен за пофункционален град во служба на граѓаните.
Проектот „Отворен град 24 часа“ на новото градско раководство овозможува граѓаните брзо и лесно да пријавуваат проблеми. Целта е да се поттикне ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, кое ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и преку непосреден однос со граѓаните ги решава нивните проблеми.
Значајно е да се нагласи дека на електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk од отпочнување со функционирање до денес се пристигнати повеќе од 3.680 барања, од кои решени се дури 2.830. Најголемиот број граѓани на овој меил побарале поставување заштитни столпчиња на тротоарите со цел слободно и олеснето движење за пеаците, чистење диви депонии, како и голем број барања за интервенција на градските инспектори по однос на несовесното постапување од страна на поединци при одлагање на комунален отпад и загадувањето на животната средина.
- ВЕСТИ
- 17.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.06.2026 - Активни Комисиите при Советот на Град Скопје
- 09.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.05.2026 - Соопштение за јавностa
- 22.05.2026 - Oдржан е третиот состанок на Живата лабораторија (Living Lab) во рамки на проектот TERRAIN
- 19.05.2026 - Соопштение за јавностa
- 05.05.2026 - Соопштение за јавноста
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
