Соопштение за јавност 27.2.2024
Град Скопје продолжува со реализација на големиот проект кој произлегува од програмата За Модерно Скопје и се реализира во сите 23 градски средни училишта, во соработка со скопските јавните претпријатија.

Во средното училиште “Никола Карев“ во општина Карпош, во рамките на проектот, партерно и хортикултурно се уредува дворната површина од 10.740 метри квадратни, со акција за засадување на дрвја и садници, нова тревна паркова површина, поставување нова урбана опрема која ќе им овозможи на средношколците пријатен престој на отворено во катчиња во кои ќе може да се дружат, ќе имаат можност за организирање на предавања и едукативни работилници.

Важноста и целта на овој проект е да се поттикнат нашите средношколци за зачувување, одржување и негување на животната средина како и да се креираат нови паркови површини и фитнес зони. Дополнително, во училишните дворни се реализира проектот за надворешни фитнес зони, со реквизити и справи со цел поттикнување и унапредување на здравите животни навики со спортување и рекреирање.

- ВЕСТИ
- 17.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.06.2026 - Активни Комисиите при Советот на Град Скопје
- 09.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.05.2026 - Соопштение за јавностa
- 22.05.2026 - Oдржан е третиот состанок на Живата лабораторија (Living Lab) во рамки на проектот TERRAIN
- 19.05.2026 - Соопштение за јавностa
- 05.05.2026 - Соопштение за јавноста
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
