ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 172 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ 30.7.2020
Во текот на изминатата недела (23.07 – 29.07.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 172 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила 20 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 152 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.
Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 319 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 20 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.
Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.
- ВЕСТИ
- 24.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 17.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.06.2026 - Активни Комисиите при Советот на Град Скопје
- 09.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.05.2026 - Соопштение за јавностa
- 22.05.2026 - Oдржан е третиот состанок на Живата лабораторија (Living Lab) во рамки на проектот TERRAIN
- 19.05.2026 - Соопштение за јавностa
- 05.05.2026 - Соопштение за јавноста
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
