Ќе се реконструира улицата „Христофер Жефаровиќ“ во општината Гази Баба 31.8.2022
Градоначалничката Данела Арсовска на прес-конференција минатата недела најави дека достави барање за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Гази Баба за реконструкција на улицата Христофер Жефаровиќ, за што денес Советот на Град Скопје на 16-та седница донесе одлука.

Арсовска нагласи дека реконструкцијата на улицата Христофер Жефаровиќ е неопходна за да се овозможи безбедно движење на сите учесници во сообраќајот.
- Пред неколку месеци имав можност во населеното место Сингелиќ, заедно со граѓаните од локалната заедница да ја посетам улицата Христофер Жефаровиќ која е во катастрофална состојба. Истата не само што е неасфалтирана и раскопана, туку претставува приоритет и затоа мора да се посвети внимание, за движењето на граѓаните во сообраќајот на тој потег да биде безбедно и сигурно. Со оваа одлука излегуваме во пресрет на барањата на граѓаните за реконструкција на улицата Христофер Жефаровиќ. Исклучително важно е да се постигне рамномерен развој во урбаниот и руралниот дел на Скопје, а едновремено да се обидеме да помогнеме на скопските општини – истакна Арсовска.
Според донесената одлука од Советот на Град Скопје, проценетата вредност за реализација на оваа меѓуопштинска соработка изнесува 7.800.000 денари со вклучен ддв, а градежните работи на терен ќе ги изведува ЈП „Улици и патишта“.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
