Поставена нова парковска опрема кај езерцата во вториот дел од Градскиот парк

05.07.2022 Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ по налог на Град Скопје поставија новата парковска опрема кај езерцата во вториот дел од Градскиот парк.

Повеќе

Започнува меѓународниот фестивал на европски филм - CINEDAYS

05.07.2022 Mеѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS, под слоганот „Од високо подобро се гледа“, ќе се одржи од 7 до 14 овој месец на повеќе локации низ Скопје - на покривот на ГТЦ, на покривот на Дом наградежници, Музеј на современа уметност, Авто киното на Водно, во МКЦ парк, во кино Милениум и Кинотека.

Повеќе

Во среда ќе се прска против комарци

04.07.2022 Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 06.07.2022 година (среда) ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци

Повеќе

Бројни интервенции извршени од страна на екипите на јавните претпријатија по невремето кое го зафати Скопје

02.07.2022 По денешното невреме кое ја зафати територијата на градот Скопје, екипите на ЈП Водовод и канализација, ЈП Улици и Патишта, ЈП Комунална хигиена, ЈП Паркови и зеленило интервенираа на сите локации кои беа критични места од насобрана вода, откорнати дрвја или паднати гранки

Повеќе

„Градски паркинг“ со санкции за 136 непрописно паркирани возила на јавни површини

01.07.2022 Во текот на изминатата недела (23.06 – 30.06.2022 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 136 возила од јавните површини.

Повеќе

Започна да се реализира првата фаза од проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар

01.07.2022 Градежните активности се одвиваат на потегот од мостот Мајка Тереза до Железничкиот мост, каде што се врши на ископ на нефункционалната и запуштена патека, при што се отстрануваат старите и оштетени плочи.

Повеќе

Арсовска: Започнуваме со инвестиција за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар

30.06.2022 Арсовска посочи дека остварувањето на оваа инвестиција ќе се одвива во три етапи. Првата се однесува на потегот од мостот „Мајка Тереза“ до ПИОМ, втората до паркот на езерата во Аеродром и третата, до мостот „Тодор Александров“ во општина Аеродром.

Повеќе

Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ при дарување крв

30.06.2022 Град Скопје воведува бесплатен паркинг на затворените паркиралишта (затворен паркинг простор со влезно-излезна наплатна рампа) на ЈП „Градски паркинг“ при дарување на крв за дарителите.

Повеќе

Арсовска: Започнуваме нов зелен плоштад и парк од 5000 квадратни метри во населбата Ченто

29.06.2022 Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски и директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ангеле Сотировски, извршија увид во започнувањето на изградбата на нов зелен плоштад и парк во населбата Ченто во општина Гази Баба.

Повеќе

Градоначалничката Арсовска додели награди и благодарници за најдобрите на регионалните средношколски натпревари

27.06.2022 Градоначалничката Данела Арсовска денеска додели награди и благодарници на ученици, ментори и акредитирани здруженија за учеството и постигнатиот успех по најразлични наставни предмети на регионалните скопски натпревари.

Повеќе

Реконструирани дел од пешачката и велопатека на улица „16 Македонска бригада“

27.06.2022 ЈП Улици и патишта Скопје по налог на Град Скопје деновиве го реконструираа оштетениот дел на пешачката и на велопатеката на улицата 16 Македонска бригада, односно пред кружниот тек во населба Железара.

Повеќе

Целосно реконструирани вело патеки и формиран нов зелен појас од над 16.000 квадратни метри на булеварот Видое Смилевски Бато и булеварот Србија

25.06.2022 Во текот на изминатиот период екипите на ЈП Паркови и зеленило по налог на Град Скопје интензивно работеа и хортикултурно ја уредија јавната површина - зелен коридор, на потегот на аголот помеѓу улицата Февруарски поход со булевар Видое Смилевски Бато до булевар Србија

Повеќе

Уреден новиот зелен плоштад на кеј „Димитар Влахов“

24.06.2022 На кејот „Димитар Влaхов“ е формиран и хортикултурно уреден нов зелен плоштад. Екипите на ЈП Паркови и зеленило го завршија уредување на зелената површина на кејот, со вкупна површина од 3.244 квадратни метри.

Повеќе

Продолжува изградбата на нови улици во општина Ѓорче Петров – 5 улици во Кисела Јабука за првпат добија асфалт

24.06.2022 Екипите на ЈП Улици и патишта деновиве целосно асфалтираа пет улици во населеното место Кисела Јабука во општина Ѓорче Петров. Асфалтирани се улиците 46, 46А, 68, 4 и 6.

Повеќе

Арсовска им додели признанија и награди на наставниците во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција во средното образование

24.06.2022 Шеесет и двајца наставници од осум градски средни училишта денеска добија признанија и награди од Градот Скопје за нивниот придонес и активно учество во унапредувањето на меѓуетничката интеграција во образованието преку редовна реализација на заеднички наставни часови со ученици...

Повеќе

Обележани 10.040 квадратни метри хоризонтална сигнализација на градските улици и булевари

23.06.2022 Екипите на ЈП Улици и патишта коишто ја одржуваат сообраќајната сигнализација на градските сообраќајници во текот на вечерните часови интензивно работат на обновување на хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари.

Повеќе

Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска

23.06.2022 Екипите на ЈП Улици и патишта денеска го почнаа асфалтирањето на последниот дел од пешачката патека на улица Љубљанска, што е во насока од булевар Илинден кон Сити Мол, чија површина е околу 1.000 квадратни метри.

Повеќе

Од утре делумна забрана за движење во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“

23.06.2022 Градот Скопје ги известува граѓаните дека од утре (24.06.2022 година) во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“ се воведува делумна забрана за движење, во периодот од 6:00 до 20:00 часот.

Повеќе

Од денес почнува јавниот повик за субвенции за редовно годишно одржување оџаци

22.06.2022 Одржувањето на чисто и уредно Скопје е еден од предусловите за намалување на загадувањето и живот по поздрава животна околина.

Повеќе

Голем успех за средношколци од Град Скопје на националниот натпревар за Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Professional

22.06.2022 Ученици од средните училишта на Град Скопје постигнаа голем успех во финалето на шестиот по ред национален натпревар за Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Professional, кое денеска се одржа во IBank концептуалната филијала на Стопанска Банка АД - Скопје.

Повеќе