Се изгласа проектот за систем за водоснабдување во Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци 31.8.2022
На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје денеска донесе Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Сарај за финансиско учество за изработка на урбанистичко планска документација за подобрување на водоснабдувањето во селата Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци во општината Сарај. Решавањето на деценискиот проблем со водоснабдувањето во населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци е меѓу приоритетните проекти што ги најави градоначалничката Арсовска на прес-конференцијата одржана пред една недела, а на кои во наредниот период ќе се посвети Градот Скопје.
- Сегашната состојба на системот за водоснабдување на селата Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци не ги задоволува основните потреби на жителите на овие населени места за снабдување со вода за пиење. Ова е горлив проблем со кој локалните жители секојдневно се соочени и затоа заедно во соработка со Општина Сарај, пристапуваме кон решавање на овој децениски предизвик. Со цел да се надмине сегашната состојба и да се овозможат поквалитетни услови за живеење, Град Скопје и Општина Сарај пристапуваат кон изработка на урбанистичко планска документација за подобрување на водоснабдувањето, според која се планира да се отпочне со изградба на нов систем за водоснабдување – објасни градоначалничката Арсовска.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
