Се реконструираат 6 спортски терени во паркот во Сарај 31.8.2022
На предлог на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Сарај за реконструкција на спортски терени во склоп на паркот Сарај.
Со истата се предвидува реконструкција на 6 спортски терени во рамки на паркот Сарај, а работите на терен ќе ги реализира јавното претпријатие „Улици и патишта“.
Овој проект се реализира на барање на граѓаните, а со неговата реализација ќе се овозможи на сите посетители на паркот во Сарај да можат да се рекреираат на целосно реконструирани спортски игралишта.
Со овој проект ќе се врати сјајот на едно од најстарите излетнички места во Скопје, кој е изграден во далечната 1948 година и се простира на површина од 240.000 квадратни метри.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
