Арсовска: Сите екипи се мобилизирани на терен, се интервенира на сите локации, штетите се санираат 30.8.2022
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, раководеше со итниот теренски состанок на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, по силното невреме кое во изминатите неколку часа го зафати Скопје, проследено со обилни врнежи од дожд, силен ветар и наноси на лисја и отпад и предизвика поплави на повеќе места низ градот. Во моментов, екипите интервенираат на повеќе од 30-тина локации каде има поплавувања по големото невреме.
- Сите екипи се мобилизирани и се на терен, меѓу кои и противпожарната бригада на градот Скопје, која со успешна интервенција успеа да спаси над 20 лица.Тимови составени од јавните претпријатија расчистуваат на терен и ќе останат се до целосно санирање на проблемите на критичните места и до нормализација на состојбата – истакна Арсовска.
Силното време предизвика и материјални штети кои веќе се санираат, а воедно вечерва кризниот штаб по целосна анализа на состојбите ќе најави решение за овие проблеми, но ќе се бара и одговорност за несоодветната инфраструктура која допринесе за штети на градските булевари.
- ВЕСТИ
- 18.09.2024 - Соопштение за јавност: Oтворање на културната манифестација „Ритамот на чаршијата
- 15.09.2024 - Соопштение за јавност
- 13.09.2024 - Соопштение за јавност
- 11.09.2024 - Соопштение за јавност: Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата
- 07.09.2024 - Соопштение за јавност
- 06.09.2024 - Jавен повик за времено работно ангажирање на образовни асистенти-проект за општествено корисна работа
- 03.09.2024 - Соопштение за јавност
- 02.09.2024 - Соопштение за јавност
- 02.09.2024 - Соопштение за јавност
- 30.08.2024 - Отворено писмо до Претседателот на Владата на РМ