Продолжува реконструкцијата на пешачките и велосипедски патеки на булеварот „Гоце Делчев“ 29.8.2022
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ Скопје по налог на Град Скопје од денеска продолжуваат со реконструкција на пешачките и велосипедските патеки по должина на булеварот Гоце Делчев во насока од стоковна куќа „Мост" кон мост „Гоце Делчев" .
Денеска се вршат почетните позиции машински ископи на оштетениот материјал, односно бекатон плочи и руиниран асфалт и се подготвува површината за асфалтирање.
Во изминатиот период беше реконструирана едната страна од булеварот, односно пешачки и вело патеки од страната на катната гаража на површина од околу 1.800 квадратни метри која реконструкција вклучуваше и два пешачки острови.
Во текот на следниот период екипите продолжуваат со активности за реконструкцијата на патеките на булеварот „Гоце Делчев“ од страната на скопската тврдина Кале.
Со реконструкцијата на пешачките и вело патеки на булеварот „Гоце Делчев“ ќе се овозможи полесно движење и ќе се зголеми безбедноста на пешаците и велосипедистите на овој потег.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
