Арсовска: Реконструираме 6 спортски терени во паркот во Сарај 23.8.2022

На барање на граѓаните а во насока на подобрување на условите и квалитетиот на живот, Градот Скопје ги реконструира 6те спортски терени кои се во рамки на паркот во Сарај. Истото ќе се реализираа преку воспоставување на договор за меѓуопштинска соработка со Општина Сарај, а оваа одлука ќе биде дел од следната Седница на Советот на Град Скопје. 
- Овој проект кој е оценет како еден од заедничките приоритети, и истиот ќе се реализира по налог на Град Скопје од страна на јавното претпријатие „Улици и Патишта“ со цел да овозможи за граѓаните кои го посетуваат паркот во Сарај да можат да се рекреираат на целосно реконструирани спортски игралишта. Реконструкција на спортските терени во паркот во Сарај е барање на граѓаните скоро цела деценија и конечно се реализираат проектите кои ги истакнуваат како значајни за повисок квалитет на живот – изјави на денешната прес конференција градоначалничката Арсовска. 
Со овој проект ќе се врати сјајот на едно од најстарите излетнички места во Скопје, кој е изграден во далечната 1948 година и се простира на површина од 240.000 квадратни метри.