
ПУШТЕН ВО СООБРАЌАЈ БУЛЕВАРОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ -ИСТОЧНИОТ ВЛЕЗ ВО СКОПЈЕ 08.10.2020
За само 30 дена со забрзана динамика на реализација на градежните активности и деноноќно работење, реконструиран e булеварот Александар Македонски во правец кон влезот на Скопје во должина од околу 5,3 километри и од денеска е пуштен во сообраќај.
Источниот влез на Скопје од денеска е целосно обновен и функционира без сообраќајни гужви и метеж, а сообраќајот во овој дел од градот е нормализиран. За потсетување е дека оваа делница од булеварот беше во очајна состојба и не беше реконструирана 40-на години.
Градежните активности за реконструкција на булеварот Александар Македонски продолжуваат во правец кон излезот на Скопје, исто така, во должина од 5,3 километри.
Значајно е да се нагласи дека Градот Скопје за првпат ќе изврши експроријација на земјиште за изградба на велосипедска патека на овој булевар што ќе го подобри урбаното живеење и, конечно, ќе има велосипедско поврзување на граѓаните од Ченто и Маџари со остатокот од градот.
- ВЕСТИ
- 05.07.2022 - Поставена нова парковска опрема кај езерцата во вториот дел од Градскиот парк
- 05.07.2022 - Започнува меѓународниот фестивал на европски филм - CINEDAYS
- 04.07.2022 - Во среда ќе се прска против комарци
- 02.07.2022 - Бројни интервенции извршени од страна на екипите на јавните претпријатија по невремето кое го зафати Скопје
- 01.07.2022 - „Градски паркинг“ со санкции за 136 непрописно паркирани возила на јавни површини
- 01.07.2022 - Започна да се реализира првата фаза од проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар
- 30.06.2022 - Арсовска: Започнуваме со инвестиција за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар
- 30.06.2022 - Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ при дарување крв
- 29.06.2022 - Арсовска: Започнуваме нов зелен плоштад и парк од 5000 квадратни метри во населбата Ченто
- 27.06.2022 - Градоначалничката Арсовска додели награди и благодарници за најдобрите на регионалните средношколски натпревари