ФОТОГРАФИЈАТА НА ПЕТАР ПРЕНТОВИЌ ИЗБРАНА ЗА НАЈДОБРАТА ФОТОГРАФИЈА НА ТЕМА #СКОПЈЕДОМА ЗА ВЧЕРАШНИОТ ДЕН 21.3.2020

Оваа фотографија на Петар Прентовиќ е победник на вчерашниот ден, на конкурсот на Град Скопје за избор на автентични фотографии, видеа или гифови од домовите на граѓаните кои го поминуваат времето во изолација сами, со нивните семејства или со милениците. Фотографијата на Прентовиќ, која на интересен начин го истражува тројството во секојдневието и на мошне креативен начин го доловува расположението на скопјани во овој историски миг, е избрана во конкуренција од голем број на фотографии.

Градот Скопје ги поканува граѓаните да продолжат да ни испраќаат фотографии/видеа/гифови како го поминуваат денот дома. Својата фотографија, видео или гиф граѓаните едноставно треба да ја постават на фејсбук страницата СкопјеДома, користејќи ги хаштаговите #СкопјеДома и #ShkupiNëShtëpi. Тоа е доволно за учество во овој креативен конкурс. Победниците ќе се објавуваат секој ден, на истата фејсбук страница.

За најкреативните, Градот Скопје ќе доделува награди во висина до 100 евра, а изборот ќе се прави секој ден. Претходно, награди на конкурсот добија и Лариса Митиќ и Јехона Спахиу.

Да останеме дома за да го спречиме ширењето на корона вирусот!