Изградба на нова инфраструктура во општина Шуто Оризари 31.8.2022
Денес проектот кој го најави градоначалничката Арсовска на прес-конференција со кој се предвидува изградба за првпат на крак 18 на улицата Македонско косовска бригада, беше изгласан на 16-та седница на Советот. Со воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Шуто Оризари за реконструкција на улица „Македонско Косовска Бригада“, крак 18 се исполнува едно од барањата на жителите во Шуто Оризари.
- Во општината Шуто Оризари жителите се соочуваат со бројни предизвици, а на нивно барање како еден од приоритетите е за првпат изградбата на крак 18 на улицата „Македонско Косовска Бригада“. Овој проект кој е оценет како еден од заедничките приоритети ќе се реализира од страна на ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје. Со реализацијата на овој проект, граѓаните на Шуто Оризари добиваат 1165 квадратни метри нова патна инфраструктура и решение за долгогодишни проблеми во овој дел од градот. Нашите сограѓани заслужуваат да се слушне нивниот глас и реализираат нивните барања – истакна Арсовска.
Арсовска истакна дека главната цел на тековните градски градежни активности е во Скопје повеќе да нема заборавени населби, туку градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
