
Донесен буџетот за 2023 година 27.12.2022
Градот Скопје за наредната година донесе развоен буџет, со социјална компонента и соодветни мерки за домаќинско и штедливо работење на градот.
Благодарение на Советот на град Скопје и конструктивноста на сите советнички групи, граѓаните на градот Скопје за следната 2023 година имаат нешто над седум милијарди денари (7.094.386.000 денари) за реализација на проекти кои значат исполнување на програмата „За Модерно Скопје“.
Следната година од буџетот на град Скопје, одвојува и значителни средства за субвенции на социјално ранливи категории граѓани кои имаат потешкотии поради актуелната економска и енергетска криза.
Продолжуваат програмите за субвенции за граѓаните кои беа актуелни и во оваа година која изминува.
За следната година, благодарение на конструктивноста на советниците од сите советнички групи во Советот на град Скопје, за следната 2023 година граѓаните ќе добијат буџет кој ќе значи и реализација на проекти за подобрување на јавната инфраструктура, подигнување на нови зелени површини, нови содржини во зоолошката градина и реализација на новиот Луна Парк.
Скопје, со новиот буџет сигурно чекори кон својот нов, модерен лик.
- ВЕСТИ
- 14.03.2023 - Средба во Брисел и учество на Европскиот комитет на региони
- 13.03.2023 - Нов мега-парк во Чаир
- 12.03.2023 - Положено цвеќе во чест на 7144 македонски Евреи
- 10.03.2023 - Отворена првата градска биотехнолошка лабораторија
- 09.03.2023 - Реконструкција на водоводна мрежа во Гази Баба
- 06.03.2023 - Започна реконструкцијата на ул.„Радишанска“
- 04.03.2023 - Реконструкција на улицата Александар Урдаревски
- 01.03.2023 - Постигнат договор со приватните превозници во град Скопје
- 28.02.2023 - Пуштена во употреба улицата „Христофер Жефаровиќ“ во Сингелиќ
- 17.02.2023 - Нов кружен тек во Ѓорче Петров