ЗАВРШИ ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ „НОВО ЛИСИЧЕ- СКОПЈЕ 2016“ 03.10.2016
Се одржаа финалните натпревари во мал фудбал во спортскиот комплекс во Ново Лисиче, на петиот по ред турнир „Ново Лисиче- Скопје 2016“.
На турнирот, годинава се пријавија 44 екипа од Скопје и од други градови од Македонија, коишто се натпреваруваа 22 дена.
Најдобри на турнирот беа играчите на екипата Спорт кафе СЦ, второто место го освои екипата на Фер плеј од Ново Лисиче, а на третото место се пласираше екипата на „ЕБР“.
За најдобар играч на турнирот е прогласен Харис Омерович, а за најдобар голман Илчо Идовалиев.
На финалните натпревари присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој им ги додели наградите на најдобрите учесници на турнирот.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
