ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ФЕКАЛЕН КОЛЕКТОР ПО БУЛЕВАРОТ „ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ“ 04.8.2016
![]() |
![]() |
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаровски денеска /04.08.2016 година, четврток/ присуствуваа на почетокот на градежните работи од проектот за изградба на нов фекален колектор по должината на булеварот „Партизански одреди“.
- Новиот фекален колектор на булеварот „Партизански одреди“ ќе биде со вкупна должина од 1246 метри и ќе биде изграден на потегот од крстосницата со улица „Московска“ до крстосницата со булеварот „8-ми Септември“. На овој потег ќе бидат поставени канализациони цевки со профил Ф-500 милиметри, а ќе бидат поставени и 25 шахти. Новиот фекален колектор значително ќе го
зголеми капацитетот на постојната фекална мрежа која е со помал капацитет и предизвикува чести запушување. Со изградбата на новиот колектор ќе се решат долгодишните проблеми на граѓаните во овој дел од Градот – кажа градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот на Општина Карпош Јакимовски изјави дека станува збор за корисен инфраструктурен проект со чија реализација ќе се подобри состојбата со фекалниот колектор во населбите Тафталиџе 1 и 2 и во Нерези.
Градот Скопје од буџетот за овој проект ќе издвои околу 17 милиони денари, додека изведувач на работите е компанијата Вардар градба ДООЕЛ Скопје.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
.jpg)
.jpg)
