КОНФЕРЕНЦИЈА „УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ-СТЕКНАТИ ЗНАЕЊА И РЕЗУЛТАТИ“ 04.10.2016
Денеска /04.10.2016 година/ се одржа втората конференција, во рамки на проектот „Поттикнување на договори за гарантирање на енергетски карактеристики при реконструкција на улично осветлување“, кофинансиран од Програмата Интелигентна енергија во Европа, а спроведуван од проектните партнери, здружението МАЦЕФ и Град Скопје.
Конференцијата е поддржана од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој во своето поздравно обраќање пред присутните истакна дека:
Пред околу две ипол години на ова исто место го означивме започнувањето на реализацијата на проектот „Улично осветлување – ЕПЦ“. Денеска сме заедно да ги погледнеме резултатите поврзани со темата: можности во Македонија за реализирање на Договори за Енергетски услуги и отворање на ЕСКО компании, конкретно во делот на уличното осветлување.Резултатите и заклучоците од спроведениот проект, како и научените лекции ќе Ви бидат презентирани од нашиот партнер во проектот МАЦЕФ, но, јас сакам да напоменам дека една од научените лекции е потребата од заедничка работа на сите нас општини, финансиски институции, агенции и невладини организации, доколку сакаме да постигнеме успех, не само во развивање и промоција на нови идеи туку и во нивната реализација. Како пример за успех од заеднички реализирани активности е развивањето на алатки за реализација на активности на полето на улично осветлување кое ќе ни овозможат на граѓаните да им понудиме улично осветлување со најнова технологија, помало загадување, енергетска ефикасност и користење на помалку средства од општинските буџети-заклучи градоначалникот Трајановски.
Конференцијата „Улично осветлување-стекнати знаења и резултати“ има за цел да ги презентира досегашните и стекнатите резултати за изминатиот период врз база на истражувањето на пазарот во Република Македонија.
Целта, пак, на направените истражувања беше да се утврди моменталната состојба во Република Македонија за поттикнување и спроведување на договорот за гарантирање на енергетските карактеристики при реконструкција на уличноо осветлување.
На Конференцијата покрај проектните партнери МАЦЕФ и Град Скопје своја презентација имаа и бизнис субјекти од енергетскиот и од финансискиот сектор.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
