КРИЗНИОТ ШТАБ НА ГРАД СКОПЈЕ ИНТЕРВЕНИРА НА ТЕРЕН ПО ОБИЛНИТЕ ВРНЕЖИ НА ДОЖД 06.8.2016
Во моментов Скопје е погодено од невреме, составено од обилни врнежи на дожд кои предизвикаа поплави на поголем број на сообраќајници во Скопје, прекини во снабдувањето со електрична енергија и голем број на скршени и паднати дрвја.
Во моментов сите екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираат на терен во насока на оспособување на сообраќајниците каде се појавија поплавувања.
Апелираме до граѓаните да останат во нивните домови и да не излегуваат со возила се додека не престане невремето и не се создадат услови за нормално одвивање на сообраќајот.
Дополнително, апелираме до сите лица кои се со моторни возила и се во моментов затечени во сообраќај од невремето, истите да останат во нивните возила, да не се движат (возат) и да почекаат да заврши невремето и да се нормализираат условите за одвивање на сообраќај.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
