Арсовска: Забрзано се градат нови улици во населените места во општина Ѓорче Петров 06.7.2022
Изградбата на нови улици во населените места во општината Ѓорче Петров се одвива со забрзана динамика. Денеска екипите на ЈП „Улици и патишта“ работат во населеното место Волково, а увид во градежните работи извршија градоначалничката Данела Арсовска и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Борис Настов.
- Забрзано работиме на изградба на улична мрежа во населените места во општина Ѓорче Петров. Во населеното место Волково се работи на улицата број 3 каде што во текот на наредните денови ќе се врши ископ и подготовка за асфалтирање. Со оваа градежна акција ќе бидат изградени повеќе од 20 улици во општината Ѓорче Петров кои досега не биле асфалтирани. Сега, на барање на граѓаните, неколку населени места од оваа општина ќе добијат нови улици и услови какви што заслужуваат жителите. Нашата цел е во Скопје повеќе да нема заборавени населби, туку градот да се развива рамномерно, и во урбаниот и во руралниот дел. Тоа го заслужуваат нашите сограѓани – рече денеска градоначалничката Арсовска.
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје изведуваат нови улици во пет населени места во општината Ѓорче Петров - во Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и во Стопански Двор, при што ќе се изгради патна инфраструктура во должина од пет километри.
Од почетокот на оваа градежна акција, за само 20 дена, асфалтирани се улиците 46, 46А, 68, 4, 6 и 10 во населеното место Кисела Јабука. Во населеното место Ново Село, пак, асфалтирани се улица 1 лев крак и улица 1 десен крак.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност