ПРЕТСТОЈНИОВ ВИКЕНД АНИМИРАНА АВАНТУРА ВО КИНО ФРОСИНА 08.5.2016
Претстојниов викенд во кино Фросина во Младинскиот културен центар- Скопје, продукциската и дистрибутерска куќа „Узенгија“ ги носи најмладите на анимирана авантура со филмови синхронизирани на македонски јазик.
На големото платно в сабота и в недела, точно напладне ќе се разиграат две мачки, кои ќе ја раскажат „Големата авантура на Пим и Пом“, а Лео, познат и како „Момчето фантом“ ќе покаже како се станува невидлив и се поминува низ ѕидови. И сите зборуваат на македонски јазик за да може секое дете од 4 до 10 години јасно да ги разбере.
Синхронизацијата на филмовите е поддржана од Агенција за филм на РМ.
Големата авантура на Пим и Пом ќе се прикажува в сабота од 11 часот и в недела од 13 часот.
Големата авантура на Пим и Пом, синхронизиран на македонски јазик, раскажува за пријателството меѓу импулсивните и авантуристички мачки Пим и Пом, кое ќе биде ставено на тест, кога тие се соочуваат сообидуваат да го најдат патот до дома. Пим и Пом се најдобри пријатели кои живеат заедно со „Дамата“. Но, кога доаѓаат на посета нејзините внуки сакаат да ги киднапираат Пим и Пом за да ги имаат само за себе. Откако успеваат да се спасат од девојчињата, мачките мора да научат да живеат на улица. Дали Пим и Пом ќе успеат да го најдат патот до дома? Овој музички, мирен, со доза на акција филм, има стилизиран изглед што потсетува на 1960-те и сигурно ќе измами насмевки и кај мајките и татковците. Филмот од 2014 година и е во режија на Глорија Смит. Времетраење: 70 минути.
Момчето фантом ќе се прикажува в сабота од 13 часот и в недела од 11 часот.
Момчето фантом, синхронизиран на македонски јазик, е всушност Лео, 11-годишно момче од Њуjорк, кое е супер херој. Лео е во болница и страда од сериозна болест, но дознава дека може да го напушта телото и да лета низ градот, да поминува низ ѕидови како фантом. Се спријателува со Алекс, полицаец, кој привремено е во инвалидска количка. Принудени се да внимаваат на Мари, своеглава новинарка, која тргнува во потрага по злосторникот, а во која Алекс е тајно вљубен. Тие тројца треба да го спасат градот од лошиот и криминален шеф. Станува збор за продукција од 2015 година во режија на Жан-Луп Фелисиоли и Алан Гањол. Времетраење: 84 минути.
Цената на билетите е 60 денари.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
