СУГС „ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ“ ОСВОИ ПЕТТО МЕСТО ВО ИТАЛИЈА 08.5.2016
СУГС „Здравко Цветковски“ како главен координатор во Македонија на Проектот за мир, и оваа година учествуваше на Годишното собрание во Италија и во конкуренција од деведесетина училишта, го освои петтото место.
Овојпат настанот се одвиваше во Лињано, мало приморско гратче, а учествуваа многу училишта од Италија, Германија, Босна и Херцеговина, Словенија, Унгарија и други.
Темата на Годишното собрание беше интернет насилство, и средното училиште „Здравко Цветковски“ учествуваше со свој седумминутен настап подготвен од менторот, професорката Каролина Ивановска, а музиката ја подготви Горан Богданоски од гупата 21:00.
Учениците беспрекорно настапија и достоинствено ја претставија нашата земја. За целогодишната работа училиштето доби специјална пофалница за успешно организирани и спроведени хуманитарни и еколошки акции, хепенинзи и настани.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
