ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ГИ ПОСЕТИ ИНЏИКОВО, ЦРЕШЕВО, СМИЛКОВЦИ, ВИНИЧЕ И СТРАЧИНЦИ 08.8.2016
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /08.08.2016 година, понеделник/ посети неколку населени места кои беа погодени од големото невреме што пред два дена го зафати Скопје. Трајановски заедно со министрите за здравство, за внатрешни работи и за транспорт и врски, Никола Тодоров, Митко Чавков и Владо Мисајловски, градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски и со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу ги посетија Инџиково, Црешево, Смилковци, Виниче и Страчинци, каде што се во тек активностите за расчистување на теренот и последиците од катастрофалното невреме.
Градоначалникот Коце Трајановски во просториите на ОУ „Дане Крапчев“ одржа координативен состанок со претставници од армијата, Дирекцијата за заштита и спасување и со претставници од месните заедници од овие скопски села.
На терен најпрвин почна санацијата и чистењето на каналот во населеното место Инџиково, за да можат да се испразнат и атмосферските канализации, како и дворовите и куќите на граѓаните.
- Екипите на Градот Скопје и на општините се на терен и неуморно им помагаат на жителите кои настрадаа во поплавата - рече денеска градоначалникот Коце Трајановски.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
