ВО ФИНАЛНА ФАЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ ДО ТУТУНСКИ КОМБИНАТ 10.7.2016
![]() |
![]() |
Екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ изминатиов период работеа на реконструкција на паркинг просторот на аголот на улицата 11 Октомври, до Тутунски комбинат.
На паркиралиштето е изгребан горниот асфалтен слој и е нанесен нов асфалт од типот АБ-11. При реконструкцијата на просторот нивелирани се шахтите и сливниците, а во наредниот период ќе се изврши бележење на паркинг местата. По завршувањето на бележењето на паркинг местата, ЈП „Градски паркинг“, на паркингот ќе постави куќичка за наплата и автоматска рампа.
Ова паркиралиште е со површина од 3 283 квадратни метри и ќе има 134 паркинг места, од кои две паркинг места се наменети за лица со посебни потреби.
За реконструкцијата на овој паркинг простор беа потрошени околу 4 милиони денари.
- ВЕСТИ
- 19.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 14.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 04.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 21.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 13.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.07.2026 - Соопштение за јавноста
- 24.06.2026 - Соопштение за јавностa


