СЕ ОДРЖА „РОЛЕР ТРКАТА 2016“ 11.5.2016
Под мотото „Возиме кон иднината“ денеска по петти пат се одржа „Ролер трката 2016“, во организација на Град Скопје и ЈУ„Детскиот културен центар-Карпош“. Во оваа спортска манифестација учествува основните училишта од градот и од околинатa со по 15 момчиња и 15 девојчиња, на возраст од петто до девето одделение.
Учесниците во ролер трката возеа од пред фонтаната Лотос цвет, па по булеварот „Илинден“ до клучката на булевар „Илинден“ со улица „Никола Тесла“ и назад до стартот.
Година се одржаа две ролер трки, едната во машка а другата во жанска категорија. „Ролер трката 2016“ почне со женската трка на која првото место го освои Наталија Ниноска од ОУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“, втора беше Ивана Антевска од ОУ „Гоце Делчев“, а трето место го освои Анџелика Јандриоска од ОУ „Димитар Беровски“.
На машката трка победи Алек Митев од ОУ „Кузман Шапкарев“, второто место го освои Никола Митровиќ од ОУ„Јохан Хајнрих-Песталоци“, а трет беше Никола Новаковиќ од ОУ „Јохан Хајнрих -Песталоци“.
Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух на нашите најмлади, како и создавање навики за спортување.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
