ПОЛОЖЕНО ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИЦИТЕ НА МЕТОДИЈА А. ЧЕНТО И СПОМЕНИКОТ НА ПАДНАТИТЕ ХЕРОИ ЗА МАКЕДОНИЈА 11.10.2016
Делегација на Град Скопје во чест на големиот македонски државен празник 11 Октомври, денеска /11.10.2016 година, вторник/ положија цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто на Плоштадот Македонија и на Споменикот на паднатите херои за Македонија, во паркот „Жена борец“.
По повод овој голем празник цвеќе положија и делегации од Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Министерството за одбрана и АРМ, претставници на здруженијата на борци, претставници на дипломатските претставништа, политички партии и други здруженија.
Покрај споменикот на Методија Андонов Ченто на Плоштадот Македонија и на Споменикот на паднатите херои за Македонија, делегација на Градот Скопје положи цвеќе и пред Споменикот на Партизанските гробишта во Бутел, пред гробот на генерал Михајло Апостолски, како и пред гробовите на поранешните претседатели на Република Македонија Киро Глигоров и Борис Трајковски.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
