ОДБЕЛЕЖАН 22 АПРИЛ - ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА 12.5.2016
Градот Скопје и Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ (Go Green) денеска /22.04.2016 година/ во Градскиот парк го одбележаа 22 Април – Денот на планетата Земја. На просторот околу Школката во Градскиот парк беа поставени три штанда, а волонтери-средношколци од средните училишта на Град Скопје на минувачите им делеа картички со еколошки пораки и семиња од босилек и од пркос. Во зелениот појас пред Школката, пак, беа засадени шест зимзелени садници - туи.
На Денот на планетата Земја – 22 Април во светот се организираат многубројни настани чија цел е да се подигне јавната свест за заштита на животната средина и природата и потребата од одржлив развој. Одбележувањето на овој значаен датум од еколошкиот календар на светско ниво годинава се одвива под мотото „Дрвја за Земјата“. Овој ден годинава е особено значаен поради тоа што во Њујорк светските лидери ќе го потпишат „Парискиот договор за клима“ кој дава стратешка ориентација за намалување на емисиите на јаглероддиоксид и фокус кон обновливите извори на енергија.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
