СЕ САНИРААТ ПРЕМИНИТЕ НАД ОТВОРЕНИТЕ КАНАЛИ ВО СИНЃЕЛИЌ 16.8.2016
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети, заедно со екипи на Градот Скопје и на јавните градски претпријатија денеска /16.08.2016 година/ се на терен во Синѓелиќ каде што е во тек акцијата за расчистување на последиците од катастрофалното невреме. Од денеска, во Синѓелиќ ќе се работи и на санација на оштетената инфраструктура, односно ќе се санираат цевките во отворените канали и ќе се оформат премини преку каналите за да се овозможи нормално одвивање на сообраќајот.
- Денеска почнуваме со санација на цевките во отворените канали во Синѓелиќ и со санација на премините преку каналите за да овозможиме нормално одвивање на сообраќајот. Сакам да се заблагодарам на сите компании што донираа цевки и градежни машини и помогнаа во справувањето со последиците од поплавата. Се оспособува и улицата кон Камник. Можам да потврдам дека на терен веќе се гледаат резултатите од активностите за расчистување. Сметот и градежниот шут интензивно се расчистува со механизација, а улиците се мијат со цистерни.
Во тек се и активностите за дезинфекција на домовите. Упатувам благодарност до моите колеги градоначалници што ни испратија цистерни и сакам да ги повикам и останатите градоначалниици што располагаат со ваква механизација да помогнат во овие кризни моменти за Скопје – рече денеска градоначалникот Трајановски.
Трајановски додаде дека на терен се и проценителите на штетите од поплавата кои ги посетуваат погодените домови.
- Синѓелиќ го поделивме на 14 реони, а во секој реон на терен е по еден тим составен од по двајца војници, двајца претставници на локалните жители и еден комунален редар кои ги посетуваат жителите на Синѓелиќ и укажуваат во кој дел што е потребно – рече градоначалникот Коце Трајановски.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
